„Ticket to Paradise“: Пристигна трејлерот за новата романтична комедија со Џорџ Клуни и Џулија Робертс

Точка

01/07/2022

16:27

9.239

Големина на фонт

а а а

Џулија Робертс и Џорџ Клуни играат завојувани родители во новата комедија наречена „Ticket to Paradise“, а сега е објавен и официјалниот трејлер за истата.

Мега филмските ѕвезди по 4-ти пат се обединија на екранот со проект предводен од Ол Паркер, британски режисер и сценарист кој стои зад мјузиклот од 2018 година, „Mamma Mia! Here We Go Again“.

Во новообјавениот трејлер ги гледаме Робертс и Клуни во улога на поранешни љубовни партнери во мисија да ја спречат нивната ќерка да ја направи истата грешка која ја направиле тие пред 25 години, кога се венчале млади.

Нивната ќерка Лили која ја игра Кејтлин Девер ја запознава љубовта на нејзиниот живот на патување на Бали веднаш по своето дипломирање, каде нејзините родители мора да отпатуваат за да го променат нејзиното мислење.


Сепак, судејќи по трејлерот, се чини дека патувањето на Џулија и Џорџ на Бали во обид да ја разубедат нивната ќерка завршува како патување за решавање на сопствените меѓусебни проблеми.

Како што е наведено, филмот ќе ја има својата премиера на 21-ви октомври оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг