Оваа фризура е апсолутен летен хит: Со оваа должина и боја на коса секоја жена изгледа 10 години помладо

Точка

01/07/2022

15:04

19.266

Големина на фонт

а а а

Трендовите се менуваат, но некои фризури едноставно никогаш не излегуваат од мода и имаат моќ да нè подмладат и до 10 години.

Секоја жена сака што подолго да го задржи младешкиот изглед, а фризерите ја пронајдоа совршената формула. Без посета на пластичен хирург, ќе „избришете“ неколку години од лицето – само паметно одберете ја фризурата.

Правилото кое важи во повеќето случаи е кога ќе зачекорите во 50-те години, да ја осветлите косата барем за еден тон или да ја збогатите со посветли прамени. Посветлите нијанси му даваат сјај и свежина на лицето која е неопходна во зрелите години.


Кога зборуваме за обликот, според зборовите на фризерите, степенестиот боб со шишки е апсолутен погодок за жените во 50-те години. Оваа должина ќе ги нагласи најубавите црти на лицето, а во истовреме е модерна и разиграна, па ќе направи да изгледате значително помлади.

Покрај тоа што убаво изгледа, овој облик на фризура е лесен за одржување и брзо се суши, што дефинитивно е важно кога температурите ќе надминат 30 Целзиусови степени.





Спонзорирани линкови

Маркетинг