Твитер го блокираше Џордан Питерсон поради коментар за трансродниот актер Елиот Пејџ

Точка

01/07/2022

13:52

50.191

Големина на фонт

а а а

Твитер го суспендираше профилот на конзервативниот писател Џордан Питерсон откако објави твит за трансродниот актер Елиот Пејџ со кој ги прекршил правилата на оваа платформа, изјавила неговата ќерка.

„Мојот татко доби опомена на Твитер. Нема повеќе Твитер за него додека не го избрише твитот. Дефинитивно не е платформа за слобода на говор во овој момент“, вели Микаила Питерсон.

Питерсон е блокиран поради непримерен коментар за трансродниот актер Елиот Пејџ кој претходно беше познат под името Елен.


„Се сеќавате кога гордоста беше грев? А доктор криминалец ѝ ги отстрани градите на Елен Пејџ“, напишал Питерсон на својот Твитер, по што платформата го означи неговиот твит како „однесување кое предизвикува омраза“.

Политичкиот коментатор Дејвид Рубин напишал дека Џордан никогаш нема да го избрише твитот.

Не е првпат да се најде на мета на критики поради твит

Ова не е првпат Џордан да се најде на мета на критики поради контроверзен твит. Писателот накратко ја напушти платформата во мај откако напиша дека плус-сајз моделот на „Sports Illustrated“ не изгледа убаво.

На насловната страница била прикажана 25-годишната Јуми Ну која е прва азиска плус-сајз манекенка која се појавила во „Sports Illustrated“.

„Извини. Не е убаво. И никаква количина на авторитарна толеранција нема да го промени тоа“, напиша Питерсон по што доби опомена од Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг