Белгија ја декласираше Словачка и со победа од 102:59 се пласираше во наредната рунда квалификации за Светското првенство во кошарка, но овој меч ќе остане во сеќавање и по забивањето на најдобриот играч на паркетот.
Ретин Обасохан беше најдобар поентер со 18 поени за 19 минути минати на паркетот, но репрезентативецот на Белгија се погрижи и за една неверојатна ситуација во која имаше голема среќа.
Првично се чинеше дека Обасохан се посрамоти при еден обид за забивање, но среќата го послужи и всушност режираше едно од најлудите забивања во историјата на кошарката.
Топата се одби високо од обрачот по обидот на Ретин, но потоа топката чудесно со врати на вистинско место и ги зачуди сите присутни на теренот.
Соиграчите на Ретин се фаќаа за глава, а ФИБА го посочи моментот како видео на денот.
? @Oballsohard with the wait-for-it play of the century ? #FIBAWC #WinForBelgium pic.twitter.com/xBRG79u2dw
— FIBA Basketball World Cup (@FIBAWC) June 30, 2022