Официјално: Тотенхем испорача трансфер рекорд, Конте доби магично трио во нападот

Дерби

01/07/2022

12:00

4.078

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте направи голем подвиг и го вметна Тотенхем во Лигата на шампионите и покрај тоа што презема тим кој изгледаше во загубена ситуација, но ако се суди според стартот на летниот преоден рок, Италијанецот има уште посериозни амбиции за новата сезона.

Конте е познат како тренер кој останува дел од проектот ако му бидат исполнети желбите, а газдата Леви се фати за работа и ова утро го официјализираше и четвртото летно засилување, но убедливо најбомбастичното досега бидејќи клубот од Северен Лондон ја доби битката со Челси кој исто така притискаше за голгетерот.

Италијанскиот стручњак и дефинитивно добива магично трио во нападот, бидејќи покрај Хари Кејн и Хеунг Мин Сон, отсега ќе смета и на импресивниот Ришарлисон.

Тотенхем не се штедеше и исплати 60 милиони фунти за напаѓачот кој му донесе спас на Евертон изминатава сезона, зделка која утрово беше потврдена од страна на „петлите“.

Бразилскиот репрезентативец станува најскапо засилување во историјата на клубот, надминувајќи го трансферот на Тангуј Ендомбеле кој чинеше 5 милиони фунти помалце.

Покрај Ришарлисон, Тотенхем досега ги потврди и Перишиќ и Бисума, а како слободен агент пристигна и резервен голман, искусниот Фрејзер Форстер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг