Испливаа нови детали за заедничкиот живот на Шакира и Пике: „Со неа воопшто не било лесно да се живее“

Точка

01/07/2022

10:43

17.744

Големина на фонт

а а а

Откако се дозна дека славниот фудбалер ја изневерил колумбиската пејачка со која има 2 деца, пријателите на Пике, но и дел од медиумите „удрија“ по Шакира.

Кога на почетокот на месецот се дозна за аферата на Жерар Пике, на сите им беше јасно дека станува збор за вест која нема толку лесно да ги напушти насловните страници на светските медиуми. И навистина, во изминатите 3 месеци одвреме-навреме во јавноста испливува некоја нова „пикантерија“ за врската на Шакира и Пике.

Така, во странските медиуми овие денови беше објавена наводна исповед на пријателите на Пике кои не само што му го простиле неверството, туку и го пронашле виновникот за тоа што поради 22-годишна девојка, по 12 години ја напуштил Шакира и нивните 2 деца. А вината ја бараат токму во славната пејачка.


Шпанскиот портал „Marca“ неодамна објави напис според кој изгледа дека Шакира е виновна што Пике бил фатен во неверство и тоа затоа што наводно била „арогантна и постојано шефувала“.

Приказната за Жерар како „жртва“ на неговата сопруга опседната со слава, беше продадена на медиумите од страна на неговите пријатели, а пред телевизиските камери ја изнесе новинарката Лорена Васкез.


„Целото друштво на Пике ја нарекувало Шакира „шефица“ зад грб. Никогаш не се дружела премногу со луѓето со кои Пике е пријател цел живот, па ни со сопругите на другите играчи на Барселона. Веројатно сметала дека е над нив.

Тоа за нив двајца како пар им создавало проблеми уште од почетокот“, се зборовите на Васкез која тврди дека популарната Колумбијка никогаш не ја прифатила Шпанија како свој дом и дека на Пике не му било лесно да живее со неа.


„Шакира не го сакала нивниот живот во Барселона бидејќи тука нема пријатели. Единствената личност со која навистина се дружела е мајката на Пике, но ни со неа сега не е во добар однос“, изјавила Васкез во едно телевизиско шоу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг