(Видео) Ковачевски: „Нашиот став беше дека историските прашања не треба да бидат дел од преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог“

Точка

30/06/2022

20:30

7.143

Големина на фонт

а а а

Денеска во 20 часот и 30 минути премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски, има закажано прес-конференција во Медија центарот на Владата во која ќе има свое обраќање.

Премиерот Димитар Ковачевски на вечерашната прес-конференција изјави дека официјално е пристигнат предлогот од француското претседателство по нашата интервенција минатата недела во Брисел.

„Официјално е пристигнат предлогот од француското претседателство по нашата интервенција минатата недела во Брисел. Официјалните ставови ќе бидат објавени соопштени откако предлогот ќе ги помине сите филтри во институциите. Ќе следи широк процес во кој ќе бидат вклучени претседателот и опозицијата“, изјави Ковачевски.

Ковачевски исто така апелираше јавноста да се воздржи од шпекулации, а одлуката ќе се донесе конструктивно со заштита на националните интереси.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ковачевски истакна дека предлогот во моментов е на анализа во Министерството за надворешни работи.

„Во однос на ставовите во Бугарија, таму има процес којшто помина во нивните институции. Со оглед на тоа дека имаше дофат на идеи на кои имавме забелешки, таков процес можеше да отпочне. Нашите забелешки се содржани во новиот предлог кој се наоѓа на анализа во МНР. Во однос на историските прашања, во предлогот содржани се нашите барања дека тие не можат да бидат дел од преговарачката рамка“, вели Ковачевски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг