„Билд“ повлекоа новинарка од Баерн по нејзината врска со тренерот Нагелсман

Макфакс

30/06/2022

19:58

4.759

Големина на фонт

а а а

Новинарката на најтиражниот германски весник „Билд“, Лена Вурценбергер веќе нема да ги покрива вестите на Баерн Минхен, откако стапи во романтична врска со тренерот Јулијан Нагелсман, предизвикувајќи огромно внимание во германската јавност.

Во јуни, Нагелсман се раздели со својата сопруга Верена, со која имаше 15-годишна врска, но бргу нашол утеха во Вурценбергер, која сега ќе мора да работи на поинакви теми. „Спорт 1“ пак, објави фотографии на кои тренерот е со новинарката на јахта во Шпанија.

Вурценбергер претходно била задолжена за Вердер Бремен во Бундеслигата, но последните две години била задолжена за вести од шампионот Баерн. Нејзиниот последен настап со Баерн беше интервјуто со новото засилување на тимот, Садио Мане по неговиот трансфер од Ливерпул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг