Рама: Францускиот предлог е конечен - Браќа Македонци и Албанци, прифатете!

Макфакс

30/06/2022

19:14

5.375

Големина на фонт

а а а

Премиерот Еди Рама се огласи на Твитер порачувајќи дека последниот француски предлог кој е испратен до владата на Северна Македонија е конечен и, како што вели, порачува на неговите браќа Македонци и Албанци во Северна Македонија да го прифатат.

„Последниот француски предлог, кој воедно е и конечен, и дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци во Северна Македонија: Прифатете!“, напиша Рама на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг