Ова е единственото овошје кое го успорува стареењето: Кожата ќе ви изгледа нереално, сите ќе ве прашуваат што користите

Точка

30/06/2022

18:23

23.757

Големина на фонт

а а а

Иако процесот на стареење може да се „забави“ со правилна нега на кожата, како и со некои производи и третмани, добро е да се знае дека имаме сојузник во борбата против возраста и во храната.

Покрај постојаната хидратација на телото, добро е да му обезбедите и некои хранливи материи, пред сè овошје и зеленчук.

Дерматолозите д-р Мариза Гаршик и д-р Пол Џарод Френк избрале овошје за кое и двајцата веруваат дека може да биде корисно кога станува збор за забавување на процесот на стареење на кожата.

Цитруси

Како што можеби веќе знаете, тие се полни со витамин Ц, па на сите кои сакаат да го одложат појавувањето на брчките им се советува да јадат што повеќе лимони, портокали, кумквати и грејпфрути.


„Познао е дека витаминот Ц го стимулира производството на колаген, што помага да се подобри целокупниот изглед на фините линии и брчките“, објаснува д-р Гаршик.

Боровинки

Дополнително, д-р Френк вели дека боровинките се особено богати со витамините А и Ц, па како такви го спречуваат предвременото губење на колагенот.


„Покрај тоа, тие имаат многу антиоксиданси кои можат да ја одржат вашата кожа хидрирана и сјајна“, се вели во написот неодамна објавен во „Cleveland Clinic“, во кој се додава дека тие исто така можат да помогнат во контролата на нивото на холестерол и шеќер во крвта, пишува „MSN“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг