Добра вест за великанот: Барселона доби финансиска инјекција вредна 200 милиони евра

Дерби

30/06/2022

16:27

4.496

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот великан Барселона се уште се обидува да ги реши финансиските проблеми и со тоа да се стави во многу подобра позиција на пазарот, односно да може да биде конкурентна и се бори за играчите кои ги сака, а со тоа автоматски биде конкурентна за сите титули.

Токму денеска каталонците добија финансиска инјекција која доста ќе им помогне, финансиска инјекција вредна 207.5 милиони евра, трансакција која ќе овозможи Барса да ја заврши оваа фискална година со профит од 267 милиони евра.

Имено клубот од „Камп Ноу“ ја информираше јавноста дека постигнала договор со компанијата „Сикс Стрит“ (Sixth Street) за продажба на 10 проценти на ТВ правата за наредните 25 години.

Со ова великанот прави чекор напред во подобрувањето на финансиските ресурси на клубот, потег кој ќе им овозможи подобро позиционирање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг