Свен Ботман во новата сезона ќе го гледаме во Премиер лигата и тоа како член на Њукасл.
Доскорешниот член на Лил долго време беше на мета на Милан и се некако изгледаше дека ќе заврши на „Сан Сиро“, но клубот од Милано имаше проблеми да се договори со францускиот прволигаш и оваа ситуација ја искористи премиерлигашот кој ги исполни сите барања и ја засили одбраната со 22-годишниот стопер кој потекнува од школата на Ајакс.
Ова секако беше удар за „росонерите“ кои сега мора да бараат нова опција, алтернатива, а во меѓувреме Ботман се огласи и посочи што било пресудно да заврши на „Сент Џејмс Парк“.
- На крајот, амбициозниот проект на Њукасл и можноста да игра во Премиер лигата беа одлучувачки фактори. Отсекогаш сонував да играм во Премиер лигата. Милан ми даде позитивни чувства, но Њукасл направи да се чувствувам малку подобро на крајот.
- Фудбалот во Англија е поинаков отколку во Франција. Не сум премногу познат, но луѓето ме препознаа на улица и сакаа да разговараат со мене. Навивачите срдечно ме пречекаа на стадионот и на тренинг центарот, не сум навикнат на ова, - вели Свен за „Де Телеграф“
- Сакав да дојдам тука и во јануари, бидејќи некои можности доаѓаат само еднаш. Њукасл беше одлична можност за мене, но мојот клуб сакаше да ме задржи. На крајот, го напуштив Лил на вистински начин, онака како што тие заслужија, бидејќи знаев дека ќе одиграме два одлични натпревари против Челси во Лигата на шампионите, - дополни дефанзивецот.