Уште еден огорчен турист шокиран од цените на Јадранот – 2 сендвичи , кафе и сок за 70 евра: „Едно е сигурно...“

Точка

30/06/2022

14:45

31.717

Големина на фонт

а а а

Високите цени на Јадранот со години се летна занимација на шокираните туристи, домашни и странски, но сметката која ја објавил некој човек ги надминала сите досегашни цени на Јадранот.

Тој човек за два сендвичи, две кафиња, кока-кола и друг сок платил 70 евра.

Револтираниот читател на „Riportal“ до редакцијата ја испратил фотографијата од таа сметка.

„Кафеаната е малку издвоена од хотелот и по ништо не е различна од останатите кафеани во Опатија. Поради тоа не гледам некоја посебна причина или посебна понуда врз основа на која вака би наплатувале. На масите нема мени со цени, што може да се види на фотографиите кои ви ги испратив“, раскажал човекот за споменатиот портал.


„Не знам дали тоа е прекршок, но секако би станале и би заминале од тој локал доколку ги видевме цените. Истата реакција беше и кај луѓето кои седеа до нас. Барем да беше квалитетна храната. Да побаравме некој специјалитет, па да чини толку многу – но два просечни сендвичи со мисиркино месо за толку пари? Да не ти се верува. За тие пари можевме да одиме во Опатија на некој пристоен ручек“, изјавил човекот.

„Едно е сигурно – никогаш повеќе моја нога нема да стапне на таа тераса“, заклучил огорчениот човек.




Спонзорирани линкови

Маркетинг