Ар Кели осуден на 30 години затвор поради сексуално злоставување жени и деца: „Ги присилувал своите жртви на ужасни работи“

Точка

30/06/2022

14:00

8.732

Големина на фонт

а а а

55-годишниот аренби пејач Ар Кели денеска е осуден на 30 години затвор, неколку месеци откако беше осуден по сите 9 точки против него во високопрофилен случај на сексуално злоставување.

Судијката од окружниот суд во САД, Ен Донели, ја изрекла казната во судницата во Бруклин, изјавувајќи дека музичарот го „користел својот статус на ѕвезда како оружје со кое ги присилувал своите жртви да прават ужасни работи и им пренел неизлечиви болести“.

Во текот на сослушувањето, неколку жртви на Кели луто му се обратиле на осудениот сексуален престапник:


„Ме понижи, ме понижи и ми ја скрши душата“, рекла една од жените.

Жртвата се присетила на инцидентот кога била присилена да изведува орален секс со музичката ѕвезда во автомобил полн со неговите пријатели.

„Дали се сеќаваш на тоа?“, рекла таа и додала:

„Не ти беше гајле. Го избегнував твоето име и твоите песни и се гушев од страв. Тоа што го направи остави трајна дамка на мојот живот. Ти си насилник, бесрамен. Се надевам дека ќе одиш во затвор до крајот на животот“.

Ар Кели во септември беше осуден за рекетирање и кршење на Мановиот закон, закон кој забранува меѓудржавна сексуална трговија.


Федералните тужители барале музичарот да биде осуден на повеќе од 25 години со оглед на сериозноста на неговите злосторства и „потребата јавноста да се заштити од понатамошни злосторства“.

Во дописот и во текот на судењето, тужителите тврделе дека Кели се потпирал на својата слава, пари и популарност, како и мрежата на луѓе кои го опкружувале за да ги извршува своите злосторства.



Спонзорирани линкови

Маркетинг