„Sky Cruise“: Летечки хотел на нуклеарен погон кој вклучува шопинг центри, ресторани и базени, може да угости до 5.000 лица и нема потреба од пилоти

Точка

30/06/2022

12:10

31.548

Големина на фонт

а а а

Концептот претставен на видеото изгледа прилично импресивно и фантастично, но - нереално.

Видеото од хотелот на иднината кое го објави аниматорот Хашем Ал-Гаили брзо се прошири на социјалните мрежи. Концептот е базиран на визијата на Тони Холмстајн, а неговиот футуристички хотел наречен „Sky Cruise“ изгледа како комбинација од џамбо џет и голем крузер. Благодарение на нуклеарниот погон, „Sky Cruise“ може да лета со години без потреба од слетување.

Оваа летечка „тврдина“ би можела да угости околу 5.000 лица, а истата нема потреба од пилоти бидејќи за нејзиното управување би била задолжена вештачката интелигенција. Освен управувањето, вештачката интелигенција би можела да предвидува и турбуленции, така што „Sky Cruise“ би поминувал низ нив без никакви проблеми.

Исто така, во согласност со сегашните трендови (кои во иднина ќе бидат уште повеќе нагласени), овој летечки хотел ќе биде јаглеродно неутрален и ќе се движи со помош на 20 електрични мотори.


„Благодарение на нуклеарната енергија, хотелот никогаш нема да остане без гориво“, е нагласено во видеото.

Со оглед на тоа дека не би слетувал на авионска писта, туристите би се качувале на него преку комерцијални или приватни авиони кои би слетувале на неговиот труп.

Како и луксузните крузери, „Sky Cruise“ ќе располага со бројни кафулиња и ресторани, киносали, теретани, театри, соба за љубителите на видеоигри, базени и слично, а Хашем Ал-Гаили смета дека овој летечки хотел би можел да биде идеално место на кое младенците ќе го кажат судбоносното „да“.


Концептот претставен на видеото изгледа прилично импресивно и фантастично, но - нереално.

„Кога не би постоеле законите на физиката и аеродинамиката, тогаш овој брод би можел и да полета“, гласи еден од коментарите кој најдобро ја опишува веројатноста еден ваков „џин“ навистина да полета и да остане во воздухот со години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг