(Видео) Искрено со Каролина Гочева: И покрај разделбата, моите родители и денес се во одлични односи

Точка

30/06/2022

23:29

13.241

Големина на фонт

а а а

Поп-ѕвездата Каролина Гочева 30 години е на музичката сцена. Зад неа се хитови, фестивали, концерти, настапи.

На 1 јули на стадионот на АРМ ќе има прв концерт под отворено небо со хитови од нејзиното најубаво музичко време. По три години пауза, повторно е пред скопската публика, а концертот го носи името „Ајде да летаме“.

„Едвај чекам. Возбудата е голема, ама најголемата енергија пред овој концерт ми ја зема временската прогноза“, искрена е Каролина.

Во текот на сите овие години вели дека пеела и кога е среќна, и кога е тажна и кога е болна.

„На концертите во Филхармонијата, а беа четири, на последниот ми се слоши додека пеев, затоа што предходно бев болна. Ама издржав до крај затоа што и тоа е дел од работата“, раскажува поп-ѕвездата.

Неодамна се врати од женски одмор, на кој беше со мајка си, сестра си и со внуките.

„Секое лето тие неколку дена ми се најубави. Знаеме и да се скараме и да се смириме, ама тоа е сè нормално за семејствата што се блиски“, раскажува Каролина.

Посебна приказна е сестра ѝ Сандра, од која е две години постара.

„Уште кревам паника ако ја нема да се јави, па им вртам на сите можни луѓе што се околу неа за да ја чујам ако не ми крене. Сега внуките ме научија, па ѝ велат: мамо јави ѝ се на тета за да не се секира. Кога бевме мали, двете бевме рогови во вреќа оти во тинејџерските години се забележуваше таа разлика. Денес, имаме исти пријатели и многу сме блиски. Кога се караме, сакам да држам лутина, ама не ми оди, а и денес, исто како и кога бевме мали, си ја крадеме облеката една на друга“, вели Каролина во интервју за „Репортер“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг