Чави отпишал четворица во Барселона пред почетокот на подготовките

Макфакс

30/06/2022

11:18

2.439

Големина на фонт

а а а

Барселона на стартот на следната седмица ќе ги започне подготовките за новата сезона, а голема бура на „Камп Ноу“ предизвика информацијата дека тренерот Чави Хернандез на четворица фудбалери им порачал да си најдат други клубови.

Како што открива „Мундо Депортиво“, станува збор за Оскар Мингеза, Самуел Умтити, Рики Пуиг и за Мартин Брајтвајт.

Тренерот Чави Ернандез им испратил порака дека нема да смета на нив во претстојната сезона и тие се слободни да си побараат нова средина.

Барселона се надева дека во следните две седмици ќе го продаде и Френки де Јонг кој треба да замине во Манчестер Јунајтед. Сепак, фудбалерот многу се колеба дали треба да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг