Вучиќ: Се подготвува нова „бура“ до 1-ви октомври, Приштина сака да ги избрка Србите од северно Косово - одговорот ќе биде брз и решителен

Точка

29/06/2022

21:19

12.222

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател во обраќање до нацијата изјави дека веќе не може да го издржи притисокот на западните земји околу Косово и дека Американците биле најмалку арогантни.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека владата на Косово дала рок за пререгистрација на српските регистарски таблички до крајот на септември, што значи, како што рече, дека планираат генерален напад на северот на Косово најдоцна до 1 октомври.

„Ја имаме петтата земја која го повлече признавањето и чекаме да влезат во процедура во која било организација за да ви го покажаме тоа“, вели Вучиќ.

Претседателот на Србија на прес-конференцијата по средбата со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека Србија е секогаш подготвена за дијалог, додека некои никогаш не биле подготвени, туку имале поддршка од западните сили.

„Тие се целосно поддржани од Велика Британија и Германија и другите земји од Квинта. Донесоа две одлуки, едната за ускратување на правото за влез со лични карти, каде што тие ќе воведат хартии со кои можете да влезете. Втората одлука е насочена кон протерување на Србите од северот на Косово, да се направи нова ‘бура’, каде што во рок од два месеци сакаат да ги убедат Србите да се пријават под албанските таблички на РКС, веројатно ќе делат летоци, памфлети, знаете како се правело во Втората светска војна, па ќе ги убедат Србите, ако не ги убедат, тогаш ќе крадат таблички и возила. Колку Срби ќе преживеат тогаш, не ги интересира“, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека со години Србија ги трпи лагите на Западот.

„Запалија десетина наши цркви и манастири, а како награда добија независно Косово. Имавме и Бриселски договор. Ние исполнивме се, тие ништо. Тогаш решија да не малтретираат со таксите. Сето ова му го кажав на Лајчак“ изјави Вучиќ и подвлече дека Западот е арогантен со Србија затоа што немаат нуклеарно оружје и нафта.

„Знаете, тие велат дека Косово за нив е независна држава. И јас прашувам каде го пишува тоа, во кој акт на ОН“.

Тој најави дека доколку има напад на Србите на Косово одговорот ќе биде брз и решителен. Вучиќ појасни дека нема намера да интервенира воено, но ја предупреди меѓународната заедница да размисли трипати до наесен дали е сигурна дека сака да го поддржи овој потег на Приштина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг