Кога температурите се многу високи во текот на летото, единствено што размислуваме е како да се изладиме.
Сладоледот е вистински избор за сите, а и сите го сакаат – од мали до големи.
Наместо индустриските сладоледи кои се полни со шеќери, направете си сами освежувачки сладолед од овошје, без вештачки шеќери, адитиви и засилувачи на вкусот. Ќе ви бидат потребни само силиконски калапи за сладолед, неколку состојки и неколку минути.
- 1 шолја сечкани праски;
- 1 банана;
- 2 лажици грчки јогурт;
- Ќесичка мед.
Сите состојки изматете ги во блендер. Доколку сакате сладоледот да биде покремаст, додадете уште јогурт, доколку сакате да биде поблаг, додадете уште мед.
Смесата ставете ја во калапи, а доколку сакате да експериментирате со декорацијата, може во средина на калапот да ставите по едно црвено овошје (малина или јагода), па над нив повторно додадете од претходно направената смеса.
Оставете ги сладоледите во замрзнувач неколку часа, а потоа уживајте во совршениот летен десерт.
Пријатно јадење!