(Видео) Селена Гомез и Кара Делевињ: Страстен бакнеж во втората сезона на хит-серијата

Точка

29/06/2022

16:15

8.366

Големина на фонт

а а а

Возбудлива сцена во која пејачката Селена Гомез и моделот Кара Делевињ страсно се бакнуваат, ја одбележа втората сезона од хит-серијата „Only Murders In The Building“.

Во втората епизода од втората сезона, ликот на Селена – Мејбл Мора, го презема првиот чекор во однос со Алис Бенкс чија улога ја толкува супермоделот Кара, додека зборуваат за уметноста.

Сцената започнува така што Мејбл се враќа во уметничкото студио каде Алис ја охрабрува да го уништи уметничкото дело за да може да ги ослободи своите емоции.

Мејбл оди чекор понатаму, па предизвикот завршува со ослободување на страсните чувства меѓу двата ликови.

„Се чувствувам подобро“, изјавува Мејбл откако го уништува уметничкото дело, додека ѝ приоѓа на Алис и ја бакнува.

„И јас се чувствувам подобро“, соопштува Алис по нивниот бакнеж којшто трае осум секунди.

Претходно неделава, Кара зборувала за тоа дека сака да може да ја претставува  заедницата (лица, одлики или дејства кои не се од хетеросексуалниот социјален образец) во серијата.

Оваа 29-годишна манекенка која се дефинира како пансексуалка и за која моментално се шпекулира дека се забавува со пејачката Минк, признала дека снимањето со Селена поминало „лесно“.

„Искрено, тоа беше најдобриот проект којшто некогаш сум го работела. Едноставно не сакав да заврши. Навистина ми се допадна. Беше толку лесно и пријатно“, изјавила Делевињ.

Поп ѕвездата Селена (29) која го толкува ликот на вистинска и опсесивна криминалка Мејбл во серијата, исто така уживала во работењето со Кара.

„Се познаваме многу години. Искрено, беше како да работиш со пријателка од детството. Уживав. Таа е прекрасна“, изјавила Гомез за „Entertainment Tonight“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг