Останува на „Сан Сиро“: Ибрахимовиќ потпишал нов договор за симболична плата во Милан

Дерби

29/06/2022

15:00

3.635

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрхаимовиќ веќе е во петтата деценија од својот живот, но тој и понатаму не планира да и стави крај на својата активна играчка кариера.

Последните информации кои говорат од Италија е дека напаѓачот и клубот постигнале договор за продолжување на соработката за шест месеци. Во овој период Ибра ќе работи на закрепнување по операцијата на коленото и нема да може да му помогне на тимот, па затоа се согласил да заработува по 100.000 евра месечно што е симболична сума ако се земе предвид платата на Швеѓанецот во досегашната кариера.

Ова ќе му овозможи да биде дел од тимот и да го заврши периодот на лекување и рехабилитација на тренинг полигонот во Миланело.

Ако се биде како што треба се очекува Златан да потпише нов договор во 2023 година и да биде засилување за „росонерите“ во вториот дел од шампионатот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг