Ковачевски: Пратеник вчера снимаше пратеничка на 15 сантиметри од нејзиното деколте, што ќе ѝ прави на таа снимка?

Макфакс

29/06/2022

15:37

7.087

Големина на фонт

а а а

Премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница посочи дека пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој не го именуваше, вчера ја снимал пратеничката Снежана Калеска – Ванчева на 15 сантиметри од нејзиното деколте. Ова го кажа на седницата за пратенички прашања, од каде постави прашање и што ќе и прави на снимката.

„Кревање на тензии не одговараат на никого. Свесен е народот за деструкцијата која произлегува единствено во опозицијата. Само снимките ако се погледнат од вчерашниот ден, на кои претседателката на Законодавно-правната комисија од пратеник кој во моментов ми се смее со мобилен телефон ја снима на 15 сантиметри од нејзиното деколте. Не знам што ќе и прави на таа снимка“, кажа Ковачевски.


Расправата во салата била тензична дотаму што, пратеникот Бајрам Кадрија од ДУИ го држи и штити микрофонот на кој зборува Калеска – Ванчева, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го исклучат за да не се прогласи крај на седницата, бидејќи според нив, таа не била ниту започната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг