Жешката сцена во која холивудскиот заводник е гол привлече големо внимание во јавноста: Жените тврдат дека ова е филмот од соништата

Точка

29/06/2022

13:24

8.299

Големина на фонт

а а а

Вљубениците во филмовите на Марвел и суперјунаците од овој универзум, летово ќе уживаат во остварувањето „Thor: Love and Thunder“, а особено жешка и интересна сцена забележале припадничките на понежниот пол.

Имено, Тор, познат како неверојатно згоден, русокос бог, во една од сцените се појавува како од мајка роден. Овој кадар веќе со денови кружи на интернет, а поради тоа што улогата на Тор ја толкува Крис Хемсворт, еден од најубавите момци во Холивуд, реaкциите се уште поголеми.


Во сцената Тор е целосно гол, но свртен со грб, така што најинтимните делови сепак останале заштитени од љубопитните погледи.

Заводникот се пошегувал дека откривањето на долниот дел од телото отсекогаш бил негов сон, а во извајаното торзо на Хемсфорт веќе сме имале можност да уживаме во 2011 година, кога првпат ја изнесе улогата на Тор на големото платно.


„Па, на сите им го покажав својот задник во филмот „Rush“, пред многу години, но во филмот на Марвел тоа го исполни целиот екран. Не знам што да мислам, сето тоа сум го видел претходно. Како и да е. Таа сцена настана пред 10 години и беше мој сон“, одговорил Хемсфорт на прашањето на новинарите како се чувствува по повод фактот што на публиката ѝ даде можност да го види гол.




Спонзорирани линкови

Маркетинг