Тимот под водство на Тен Хаг: Почетната постава на Јунајтед со двете холандски засилувања

Дерби

29/06/2022

12:58

2.736

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед во новата сезона ќе влее со нов тренер и тоа е холандскиот стучњак Ерик Тен Хаг кој ќе го заземе местото на Ралф Рангник кој беше привремено решение по заминувањето на Оле Гунар Солскјер.

Клубот од „Олд Трафорд“ досега беше мирен на трансфер пазарот, но според медиумите сега е на добар пат да доведе двајца репрезентативци на „лалињата“. Ако се точни информациите премиерлигашот ќе ги доведе Френки Де Јонг од Барселона и Тајрел Маласија од Феенерод, а тоа би значело засилување на средината на теренот и левата бековска позиција.

Де Јонг има 25 години, Маласија 22 што значи дека пред нив допрва е најдоброто кое може да биде извлечено од нивниот сонародник на клупата.

Еве како според „Мирор“ може да изгледа почетната постава на Јунајтед со двете најавени освежувања за „црвените ѓаволи“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг