(Фото) Првата дама на Македонија во кралско црвен фустан со потпис на Ефтимов на самитот на НАТО во Мадрид

Точка

29/06/2022

13:06

17.858

Големина на фонт

а а а

Претседателот Стево Пендаровски заедно со својата сопруга, првата дама на Македонија Елизабета Ѓоргиевска, вчеравечер присуствуваа на свечена вечера која во чест на лидерите на земјите учеснички на самитот ја приредија шпанскиот крал Фелипе Шести и неговата сопруга, кралицата Летиција.

Елизабета воодушевува со своите модни комбинации кога и да се појави во јавноста, а нејзината едноставност е вистински пример за тоа како треба да изгледа една дама.

Posted by Stevo Pendarovski on Tuesday, June 28, 2022

Taка и овојпат, за оваа свечена пригода македонската прва дама блесна во елегантен црвен фустан со потпис на македонскиот моден дизајнер Никола Ефтимов, а истиот го надополнила со сандали и минијатурна чанта во истата нијанса. Шминката и фризурата како и секогаш ѝ биле дискретни.

Претседателот Стево Пендаровски носел елегантен црн костум.

Posted by Stevo Pendarovski on Tuesday, June 28, 2022

„Фустанот што го носеше г-ѓа Ѓоргиевска е инспириран од современо толкување на традиционалните референци на македонската и шпанската култура. Појдовната точка на приказната е црвената боја како референтна за двете земји. Свилениот фустанот ја следи идејата за едноставна елеганција, почитување на личноста на првата дама, но и самиот настан“, открива дизајнерот Ефтимов за „Слободен печат“.

Posted by Stevo Pendarovski on Tuesday, June 28, 2022

Кралот на Шпанија, Фелипе Шести носел едноставно одело во комбинација со сина врaтоврска, додека кралицата Летиција за оваа пригода одбрала црн фустан со ремен, во комбинација со шик црни чевли на висока потпетица, сребрени обетки и собрана коса.



Спонзорирани линкови

Маркетинг