Архитектонско чудо на Исланд: Куќа од соништата за сите љубители на брутализмот

Точка

29/06/2022

12:00

39.772

Големина на фонт

а а а

На Исланд е дизајниран нов неверојатен станбен проект, во облик на превртен контејнер, но неговите страни се заменети со панорамско стакло кое гарантира поглед од 360 степени.

Куќата наречена „The Brutalist House“ е со површина од 750 квадратни метри на два ката. На приземје се наоѓа дневната соба и трпезаријата во склоп на која е кујната и бањата. Креативноста на дизајнот е воочлива на терасата која нуди фантастичен поглед додека уживате во првото утринско кафе.

На крајот, но не и најмалку важно, третиот кат содржи фасцинантна главна спална соба и посебна врата зад која можете да скокнете во спектакуларниот панорамски базен во жешките летни денови, што го прави непроценливо место за одмор.

Од основањето, компанијата „LYX Arkitekter“ стана пионир во областа на архитектурата, креирајќи одлични проекти во различни концепти, од возвишен дизајн преминувајќи на стилот на исламската архитектура во комбинација со модерен дизајн со кој се создава исклучителна уметничка целина.


Денес новиот концепт се проценува според концептот на брутализам создаден од генијалниот инженер Ле Корбизје во 1952 година.





Спонзорирани линкови

Маркетинг