Француската тенисерка откри голем скандал: Сите имаа коронавирус на Ролан Гарос, договорот беше да молчиме за тоа

Точка

29/06/2022

10:04

3.812

Големина на фонт

а а а

Француската тенисерка Ализ Корне открила дека на Ролан Гарос имало епидемија на коронавирус, но дека никој не зборувал ништо за тоа.

Корне на конференција за медиуми ги шокираше новинарите со изјавата за коронавирусот и неговото влијание врз одржување на Вимблдон по повлекувањето на Италијанецот Матео Беретини и Хрватот Марин Чилиќ.

„На Ролан Гарос имаше вистинска епидемија на коронавирус помеѓу играчите, но никој не зборуваше за тоа“, вели Ализ.


„Сите во соблекувалните имаа коронавирус, но ништо не кажувавме... Барбора Крејчикова се повлече кога објави дека е заразена, но всушност сите во соблекувалната беа болни во некој момент. Сите имавме симптоми, гребење во грлото, температура... Игравме како сè да е нормално“, додава тенисерката.

„Сигурна сум дека имаше многу заразени, но договорот беше никој да не излезе во јавноста со тоа. Немавме намера да се тестираме и со тоа да се доведеме себеси во проблем. Видов некои девојки дека носеа маски, веројатно знаеја дека се заразени, па не сакаа да го шират вирусот“.

Нејзината изјава подигна голема прашина во јавноста, па Корне неколку часа по конференцијата за новинари била присилена повторно да се огласи.

„Реков дека се сомневав на неколку случаи на Ковид-19 во текот на Ролан Гарос, без да имам никакви докази“, се обидела да се „извлече“ Корне.



Спонзорирани линкови

Маркетинг