Местото каде се сретнуваат милијардерите: Пешачење, голф и кајак, а меѓу гостите Закерберг и Гејтс

Точка

28/06/2022

17:30

31.133

Големина на фонт

а а а

Инвестициската банка „Allen & Company“ секој јули организира традиционална финансиска конференција во траење од околу една седмица, на која се повикани најбогатите и највлијателни луѓе на светот, поради што го добил прекарот „летен камп за милијардери“.

Летниот камп за милијардери се одржува од 1983 година во „Sun Valley Resort“ којшто се наоѓа на надморска висина од 1805 метри во округот Блејн во американската држава Ајдахо. Тоа е позната скијачка дестинација опкружена со планините Балд и Долар.


Во текот на летните месеци ова место е идеално за пешачење, голф, кајак, велосипедизам и други слични активности. Овие активности се на списокот на учесници на летниот камп каде се склопуваат и деловни договори.

Поради пандемијата на коронавирусот, кампот првпат во историјата беше откажан во 2020 година, а во 2021 година беше одржан под посебни околности.

Сите присутни морале да бидат вакцинирани и да имаат негативен тест за ковид-19, а поголем дел од настаните се одржувале на отворено.


Познати се само неколку детали за конференцијата поради тоа што новинарите имаат многу ограничен пристап на настани и неговите гости во текот на летниот камп.

Поголем дел од гостите доаѓаат во долината на Сонцето со приватни авиони, престојуваат во луксузното одморалиште и имаат познати готвачи кои доаѓаат специјално во градот само за да ги подготват оброците кои тие ги сакаат.


„Forbes“ минатата година изброи најмалку 25 милијардери во летниот камп – од Марк Закерберг и Бил Гејтс до Ворен Бафет и Мајкл Дел кои заедно поседуваат околу 825 милијарди долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг