Првата електрична "Toyota bZ4X" претставена во Македонија, стартната цена е 50.990 евра

Точка

28/06/2022

14:18

37.355

Големина на фонт

а а а

Новиот "bZ4X", првиот модел на "Toyota" од "Beyond Zero" под-брендот, пристигна и во Македонија. Ова возило, покрај напредната технологија за електрифицирани возила, ви испорачува и важни иновации во безбедноста, системите за помош на возачот и мултимедијалната конекција.

"Toyota b34X" е пространо и комфорно теренско возило со погон на сите четири тркала, кое обезбедува водечко теренско управување и перформанси.

Станува збор за прво во низата возила на новиот производен програм на "Toyota", во чии рамки сите возила на овој бренд во западна Европа до 2035-та година ќе имаа нулта емисија на CO2.


Како база за ова електрично возило е користена модуларната "TNGA" платформа на "Toyota" со осовинско растојание од 2,85 метри прилагодена литиум-јонска батерија составена од 96 ќелии со капацитет од 71,4 kWh.

Надворешниот дизајн е елегантен, моќен и едноставен. Препознатливите тенки предни светла и акцентот на предните агли ја отсликува моќноста на ова возило. Страничниот изглед се одликува тенки предни столбови и ниска линија на оската, што го рефлектира нискиот центар на гравитација. Дизајнот на задниот дел од возилото е со нагласени агли и препознатливо задно светло.


Во внатрешноста ќе наидете на пространа, отворена и удобна кабина со пет седишта. Инструмент таблата е поставена ниско, што ја зголемува видливоста на возачот. Принципот "раце на волан, очи на патот" е поддржан од дизајнот на кабината насочена кон возачот во која 7"TFT екранот е сместен директно во предната линија на возачот, над линијата на воланот.

Верзијата со преден погон развива 204 коњски сили и 266 Nm, додека 4x4 верзијата има електромотор и на задниот дел и развива 218 коњски сили и 337 Nm. Првата верзија до “стотка” забрзува за 8,4 секунди и развива максимална брзина од 160 км/ч. Моделот со погон на сите четири тркала од 0 до 100 забрзува за 7,7 секунди, додека максималната брзина е иста.


Доколку се полни на брз "DC" полнач, односно на полнач со сила до 150 KW, батеријата до 80 проценти од својот капацитет доаѓа за само половина час. Домашното полнење трае девет и пол часа.

"Toyota bZ4X" тежи од 1895 до 2065 килограми зависно од верзијата. Досегот со едно полнење на батеријата изнесува од 411 километри во верзијата 4x4, додека кај изведбата со преден погон досегот изнесува 516 километри.

Стандардната гаранција на батеријата е осум години, или до 160.000 километри, пошто истата задржува најмалку 70 проценти од својот првобитен капацитет. Има и опција за продолжување на гаранцијата на батеријата од 10 години, или дури милион километри.

"bZ4X" е веќе достапен во продажниот центар на "Toyota" и е во понуда со почетна цена од 50.990 Евра.

Цените на ова возило варираат во зависност од модификацијата и нивото на опремата. Така, за 4x2 верзијата, во зависност дали сакате "Comfort" или "Executive", треба да издвоите 50.990, односно 55.890 евра. За верзиите со погон на сите четири тркала (4x4), стартната цена за "Executive" е 58.790, "Luxury" моделот чини 61.690, додека за "Premium Luxury" ќе треба да издвоите 62.990 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг