(Видео) Канје Вест се појавил маскиран на сцената на „BET Awards“: „Сакам само да бидам надвор од сè“

Точка

28/06/2022

10:03

8.276

Големина на фонт

а а а

45-годишниот рапер Канје Вест се појавил на сцената на „BET Awards“ со црна маска, капа и очила за сонце, потполно прекривајќи го лицето додека му оддавал почит на Шон „Диди“ Комбс.

„Направив мала пауза. Си реков: „Само сакам да се прогласам за правно мртов една година“. Никој да не ме задева, само сакам да бидам надвор од сè“, рекол Канје и започнал да го фали Диди.

„Ако на Паф (Диди) некогаш му затребаме, мораме веднаш да бидеме таму. Тој човек помина и преживеа многу. Проби многу врати за ние сега да можеме да стоиме тука“, додал Вест, а потоа започнал да зборува за тоа како размислувал за него и додека бил на заболекар под анестезија.

„Ако никогаш не сум ти го кажал тоа, те сакам“, му порачал на Диди.


Канје потоа ја споменал и својата поранешна сопруга Ким Кардашијан, на изненадување на многумина по сè што се случуваше во изминатите месеци.

„Секојдневно барам совети од Шон. Тој е инспирација за многу мои животни избори и одлуки. Избори на мои сопруги. Ти благодарам за тоа“, рекол музичарот.


Многумина биле изненадени кога на сцената го виделе раперот бидејќи тој се повлече од јавноста уште во април. Тогаш одненадеж го откажа својот настап на фестивалот Коачела, а истиот месец му беше забранет настап на доделувањето на Греми наградите поради онлајн малтретирање на новото момче на неговата поранешна сопруга, Пит Дејвидсон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг