„Војната се врти во корист на Путин“

Точка

27/06/2022

21:50

9.596

Големина на фонт

а а а

Изгледало дека руските сили со месеци безуспешно се обидувале да ги остварат своите цели во Украина.

Бевме сведоци на целосно повлекување на руските сили од север и запад по безуспешниот обид за пробив кон Киев, по што Русите се фокусирале на Донбас на исток, каде борбите се одолговлекле и изгледало дека ниедна страна не успеала да постигне значаен успех.

Но, сега изгледа дека руските сили земаат замав и војната се врти во корист на Путин, велат аналитичарите.

Пензионираниот британски генерал Ричард Баронс, поранешен командант на британската војска, за „Sky News“ вели: „Краткорочно, изгледа дека е така. Русија досега окупираше нешто помалку од четвртина Украина“.

„Русите знаат дека Украинците немаат воени капацитети да ги истераат од земјата и чувствуваат дека светот повлекува се заморува да ги гледа последиците од војната“, додал тој.

Минатата недела украинските сили во целост се повлекле од Северодоњецк, еден од двата најголеми преостанати градови во источната област Луганск.


„Сега е сè прашање на време за Русија“

Русите ги консолидирале своите сили на југот, но иако Русите таму воено напредувале, Москва е свесна дека, стратешки, ја губи војната, тврди Баронс.

„Русија е сосема изолирана од меѓународната заедница. Нејзината економија оваа година ќе падне за дури 15 проценти“, додал тој.

„Ако Украина успее да се вооружи и опреми, таа во догледно време би можела да ја сврти ситуацијата во војната и да почне да ги протерува руските сили од земјата“, рекол Баронс и додал: „Затоа сега се е работа на време за Русија“.


Пензионираниот британски генерал вели дека освојувањето на Северодоњецк е значајна победа, но Русите ги чека жестока битка во соседен Лисичанск. Да потсетиме, Лисичанск е последниот поголем град во Луганск под контрола на украинските сили.

„Русите никогаш не би требало да мислат дека ќе напредуваат понатаму во Донбас без да платат многу висока цена, како во луѓе, така и во опрема“, рекол Баронс.

Тие исто така знаат дека нивната способност да го заземат цел Донбас ќе биде ограничена поради интензитетот на украинскиот отпор, заклучил британскиот генерал.




Спонзорирани линкови

Маркетинг