(Видео) „Само“ 4 милиони прегледи: За да ѝ докаже дека нема да ја изневери на одмор, испечатил маица, ни помалку ни повеќе - со нејзиниот лик!

Точка

27/06/2022

15:51

55.389

Големина на фонт

а а а

Дека некои луѓе се спремни да направат сè за љубов докажува и овој млад пар од Велика Британија.

Имено, една девојка по име Бетани Аниема објавила видео на кое покажува како нејзиното момче докажало дека нема да ја изневерува на одморот со пријателите.

Како што покажува на видеото, нејзиното момче испечатило маица со нејзина фотографија на која позира во костим за капење.

„Ја сакам девојка ми“, пишува на маицата со која нејзиното момче излегло во ноќен клуб со пријателите.

Како што може да се види на снимките кои ѝ ги испратил, тој дури брзо се оддалечил од девојката која почнала да танцува премногу блиску до него.

Бетани на хумористичен начин под видеото напишала: „Начинот на кој инстантно се поместува од случајната девојка на крајот...“.

Видеото собрало неверојатни 4,4 милиони прегледи, а многумина ја пофалиле лојалноста на нејзиното момче, додавајќи дека таквите мажи се реткост денес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг