(Видео) Наместо торта, Лозано за роденден публиката ја чести со нова песна: Слушнете ја „Ме нервираш“

Точка

27/06/2022

14:40

8.435

Големина на фонт

а а а

Денеска му е роденден на нашиот најпопуларен пејач Влатко Лозаноски, а по тој повод наместо роденедско парче торта, Лозано публиката ја чести со нова песна.

Станува збор за летна песна со „заразен“ текст и мелодија, a нејзиниот наслов е краток и јасен: „Ме нервираш“.

Aвтори на истата се Лазар Цветкоски, односно музика и аранжман, додека пак текстот е дело на Магдалена Ена Цветкоска - тимот со кој Лозано соработува од почетокот на својата кариера.

Како и за сите други песни, така и за оваа Лозано и неговиот тим на соработници снимија видеоспот во прекрасниот хотел „Мирор“ во Скопје.

Како режисер на ова видео се потпишува Дарио Јанковиќ, односно Генерал Јанковиќ, а главната улога во спотот ја има една од најубавите девојки во Македонија, манекенката Ана Марија Јанковиќ. Мејкапот за овој спот е на Марија Лазарова од Тренд Ас.

„Со нетрпение ги чекав овој ден за да ја објавиме мојата најнова песна. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека мене ова ми е една од подрагите песни и мислам дека ја споделуваме со публиката во вистинско време“, вели Лозано.

Лозано за кратко време на публиката и промовира две песни. Пред два месеци тој ја објави песната „После полноќ“, па денеска дојде редот на „Ме нервираш“, а тој со неговиот тим веќе работат на подготовки за снимање на видеоспот за уште една нова песна.

Инаку летово Влатко и неговиот бенд настапуваат низ повеќе градови во нашата земја, а следните концерти се закажани во Скопје, Тетово и Битола.




Спонзорирани линкови

Маркетинг