Трудната музичарка се појавила топлес на црвениот тепих: Градите ги прекрила со налепници, а ни остатокот од изданието не покривал многу

Точка

27/06/2022

22:02

17.951

Големина на фонт

а а а

26-годишната американска музичарка Самер Вокер го украла целото внимание на свеченото доделување на „BET“ наградите поради своето разголено издание.

Таа на црвениот тепих се појавила топлес, а градите ги прекрила само со златни налепници и дополнително ги истакнала со накит. Ниту остатокот од нејзиниот аутфит не покривал многу - Самер носела мини здолниште од златни реси кое ги истакнувало нејзините тетовирани нозе.


Вокер се пофалила со изгледот и на Инстаграм на кој има повеќе од 4,6 милиони следбеници, а обожавателите ја опсипале со комплименти и лајкови.

Освен градите, во фокус се нашол и нејзиниот труднички стомак. Имено, Самер неодамна откри дека го очекува своето второ дете, а татко на детето е раперот „LVRD Pharaon“ со кој е во врска од крајот на минатата година.

Музичарката од врската со раперот „London on da Track“ ја има ќерката Баблс, која е родена во март минатата година.





Спонзорирани линкови

Маркетинг