Кога станува збор за шик изгледот таа нема конкуренција: Брижит Макрон докажува зошто е кралица на стилот

Точка

27/06/2022

13:38

14.481

Големина на фонт

а а а

Сопругата на Емануел Макрон, Брижит Макрон, секогаш се труди да биде облечена во состав со настанот, но таа е и голем љубител на модата, па ги следи најновите трендови.

Иако својот сопруг го следи на сите настани, Брижит секогаш наоѓа начин на целиот свет да му покаже колку всушност ужива носејќи некои од најдобрите скроени и сошиени модни парчиња.

Овојпат сопругата на Макрон го придружувала својот сопруг на патот во Германија каде со останатите германски официјални лица го посетиле популарниот Елмау замок.

По обиколувањето на замокот и долгиот разговор, биле на прошетка, а сите очи од јавноста биле насочени токму во првата дама на Франција.

За оваа прилика Брижит носела фустан со класичен крој со боја на кожа и краток капут којшто бил во истата боја и од истиот материјал како и фустанот.


Таа носела и прекрасни салонки во идентична крем нијанса кои ги истакнале нејзините нозе и ја направиле цела комбинација да изгледа совршено.

Покрај неа секогаш бил нејзиниот сопруг Емануел Макрон којшто овојпат носел тегет одело и бела кошула.

Иако Брижит е постара од Макрон, тие двајца се складен пар, а на изборот на гардеробата и стилот на облекување, а и линијата на Макрон би можеле да ѝ завидуваат многу од помладите жени кои можат да се видат во политичките кругови.

Погледнете ги другите модни изданија на првата дама на Франција:





Спонзорирани линкови

Маркетинг