Легенда на Арсенал одбра засилување за „топчиите“: Тој е топ играч

Дерби

27/06/2022

11:27

3.227

Големина на фонт

а а а

Арсенал е доста активен на трансфер пазарот каде се обидува да дојде до неколку зделки и со тоа создаде доста компетитивен тим за наредната сезона.

Веќе комплетирани се неколку засилувања (Маркињос, Виеира, Тарнер), договорен според информациите е и Габриел Жезус од Манчестер Сити, но клубот од Лондон нема тука да застане и сака да доведе уште едно име во офанзивната линија.

Се зборува за Рафиња од Лидс и Ришарлисон од Евертон, а легендата на клубот Реј Парлоу се обиде да помогне и избере меѓу овие двајца Бразилци.

- Тој (Рафиња) е врвен играч. Мислам дека секој клуб ќе биде заинтересиран за Рафиња. Мислам дека Ришарлисон е врвен играч, не ме сфаќајте погрешно, но мислам дека понекогаш е малку неконзистентен, мора да го играте на вистинската позиција.

- Ама Рафиња покажа дека е топ играч сигурен сум дека многу клубови ќе го сакаат неговиот потпис, - порача Реј за „Токспорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг