Се нарекува уште и „енергетска бомба“ бидејќи вашето тело по една чаша ќе почувствува наплив на енергија, додека токсините постепено исчезнуваат од организмот.
Со додавање на чиа семе и малку лимон во вода ќе добиете здрав и нискокалоричен напиток кој ќе ви помогне во слабеење и ќе ја подобри општата здравствена состојба на организмот. Се пие една чаша дневно, најдобро наутро пред појадок.
Лимонот е вистинско злато помеѓу овошјето - освен што е најголем извор на витамин Ц, тој е совршен и за детоксикација на организмот. Содржи етерични масла, пектин, целулоза, провитамин А, некои витамини од групата Б и минерални материи. Витаминот Ц е важен за производство на колаген, помага во апсорпција на железо од растителна храна. Доволниот внес на овој витамин спречува создавање на жолчни камења.
Делување на лимонот: намалува надуеност, отстранува токсини, содржи флавоноиди кои ги отстрануваат маснотиите од крвта, нискокалоричен е, поради алкалните својства на лимонот храната побрзо се вари и го намалува чувството на глад.
Чиа семето е познато како семе на здравјето бидејќи дава енергија и го зајакнува имунитетот. Меѓутоа, едно од најважните дејства е тоа што го забрзува метаболизмот и помага при слабеење. Во текот на варењето добива текстура како желатин, а овој процес настанува поради високата содржина на растворливи влакна во семето. Влакната овозможуваат чистење на цревата на природен начин. Ова семе е богато со омега-3 масни киселини, а идеално е за сите кои сакаат да се хранат здраво бидејќи не содржи глутен.
Делување на чиа семето: елиминира токсини и ја регулира функцијата на цревата поради високата содржина на влакна, ја намалува надуеноста, ја поттикнува работата на дигестијата и дава чувство на ситост.
Потребни состојки: 1 шолја вода, 1 цеден лимон, 1 лажичка мед и 1 лажичка чиа семе.
Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки и оставете да отстојат 10 минути, а потоа испијте.