Кога Елтон Џон објави дека се венчал со Рената – светот занеме: Зошто отворен хомосексуалец се оженил токму со неа?

Точка

25/06/2022

21:42

12.994

Големина на фонт

а а а

На почетокот на 2022 година Елтон Џон објави на Инстаграм дека откажува два концерти во рамки на својата проштална турнеја, поради тоа што е заразен со коронавирусот.

Откако го преживеа вирусот, овој 74-годишен музичар се врати посилен од било кога.

Во оваа прилика се потсетуваме на неговата бурна љубовна историја.


Сите знаеме за среќниот геј брак на Елтон Џон и Дејвид Ферниш, но пред него славниот музичар беше во брак со Рената Блауел.

Парот се запознал на почетокот на 1983 година во Лондон. Рената работела како техничар на звук, па го запознала Елтон кој штотуку го завршувал својот албум „Too Low“.


Пријателите биле шокирани, со оглед на тоа дека Елтон уште во 1976 година јавно рекол дека е бисексуалец, иако сите биле убедени дека е геј.

Негов близок пријател подоцна изјавил дека на венчавката било очигледно колку била силна желбата на Елтон да основа семејство. Мајката на Елтон, Шила, изјавила дека на младенците ќе им подари детска количка.

Четири години подоцна, во ноември 1988 година, парот се развел.


Рената едноставно исчезнала од јавноста, а оттогаш не зборувала за бракот со музичарот.

Кога се дознало за нивниот развод, Рената тврдела дека таа и Елтон пријателски се развеле и дека сакаат да останат најдобри пријатели.

Елтон тие години се борел со зависноста од дрога и алкохол, а во едно интервју од 2008 година ги искоментирал бракот и зависноста.


„Вака размислува зависник од дрога: Имав доволно момци и тоа не ме усреќи, па сега ќе се венчам со жена која сè ќе промени. И ја сакав Рената. Таа е одлична девојка. Навистина ја сакав. Но, знаете... Тоа е една од работите за кои најмногу се каам во мојот живот, тоа што ја повредив“.

Во 2017 година, како поддршка за истополовите геј бракови, Елтон на Инстаграм го објави следново:

„Пред многу години, ја избрав Австралија за да се венчам со прекрасна жена кон која чувствувам многу восхит и љубов. Повеќе од сè на светот сакав да бидам добар сопруг, но негирав кој сум навистина, што ја растажи мојата сопруга, а во мене предизвика огромна вина и жалење“.

Рената за разводот добила 5 милиони фунти, како и селската куќа која ѝ ја купил Елтон. Таа живеела осамен живот, а подоцна се вратила во Германија за да се грижи за нејзините постари родители. Не е познато што прави сега.




Спонзорирани линкови

Маркетинг