(Видео) Погледнете го првиот "Rolls Royce Phantom" со погон на сите шест тркала - Да, на сите шест

Точка

25/06/2022

16:31

39.066

Големина на фонт

а а а

Ова отмено "чудовиште" делува како да излегло директно од филмот "Mad Max".

Модифицираните автомобили на "Rolls Rouce" се навистина ретки. Една од причините за тоа е што компанијата нуди возила по специјална нарачка за своите клиенти, а резултатите секогаш се екстремно уникатни. Од луксузниот британски произведувач на возила може да добиете забрана за купување на нов "Rolls Royce" автомобил доколку самостојно го модифицирате.

Сепак, тоа не го спречило еден сопственик на "Rolls Royce Phantom" од 2004 година да го претвори својот автомобил во 6х6 чудовиште - модифицирано за да ги изгледа како во оние во продолжението на "Mad Max". Иако ова не е првото 6х6 возило кое го гледаме, мораме да кажеме дека е "најлудото" што сме го виделе.

Модификацијата е направена од "Danton Arts Kustoms". За да ја зголеми должината на "Фантомот", француската компанија морала да го пресече автомобилот од задната врата и да додаде шасија од "BMW Series 7" од 2005-та година како екстензија, а ја користеле "седмицата" и за да го додадат дополнителниот пар тркала.

Резултатот, како што можете да видите на приложеното видео, е "оф-роуд" чудовиште со продолжени алуминиумски браници, жолти светла и сет од 24-инчни тркала. Вакво нешто никогаш не би очекувале од "Rolls Royce", па ве тера да се запрашате дали светот се полудел. Одговорот е веројатно потврден.


Внатре нема многу дополнителни модификации, освен обновениот кожен тапацир и неколку парчиња змиска и крокодилска кожа во предниот дел.

Нема промени ни под хаубата, каде што се наоѓа 6,7-литарскиот V12 мотор со 453 коњски сили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг