Креативно зближување: Татко и 5-годишна ќерка рекреираат сцени од култни филмови

Точка

24/06/2022

17:04

14.893

Големина на фонт

а а а

Алекс Зејн и неговата петгодишна ќерка Матилде пронашле генијален начин за забава - рекреирање на култни филмски сцени на многу симпатичен начин. Досега објавиле неколку фотографии и со нив привлекле илјадници луѓе на Инстаграм и ТикТок, воодушевувајќи ги со својата креативност и посветеност во детелите.

Во интервју за "Today", Алекс признал дека не е професионален фотограф, но дека има пријател кој е и кој многу им помогнал.

Зад секоја фотографија се крие многу вложен труд: прво на ред е избор на филм, а потоа е важно сцената да се сними во три брзи фотографии, за девојчето да не го изгуби фокусот, односно да се направи се за таткото да може да се прилагоди на својата 5-годишна ќерка, а не обратно.

Кога станува збор за планирање на трошоците, Алекс рекол дека троши најмногу пет долари на едно снимање.

За Алекс овој проект не е само посебна можност за поврзување со својата ќерка, туку му помогнал и да се потсети колку животот може да биде пријатен и убав кога ќе се вложи малку време во креативност.

На листата се нашле реконструкции на сцени од "E.T", "Love Actualy", "Titanic", "Star Wars", "My Friend Willy", "Lord of The Rings" и уште многу други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг