Шведската манекенка која го присвои хрватскиот остров Јаз осудена на затвор во Сплит, го правдала алкохолот во крвта: „Бев жедна“

Точка

24/06/2022

21:49

16.776

Големина на фонт

а а а

Шведската манекенка Изабела Виола Линдблом била осудена на затворска казна од 9 дена откако била уапсена поради нарушување на јавниот ред и мир во една продавница во Сплит.

Имено, 31-годишната Изабела завршила во притвор откако наводно 4 часа вознемирувала купувачи во една продавница, па вработените биле присилени да повикаат полиција. Кога ги здогледала полициските службеници, манекенката започнала да вика, а според пишувањата на „Далматински портал“, таа била уапсена со примена на сила.


Било утврдено и дека била под дејство на алкохол откако ѝ биле измерени 1,26 промили во крвта, по што објаснила дека пиела џин кој го носела со себе бидејќи „била жедна“.


Полицијата ја одвела на психијатрија, а оттаму била префрлена на Прекршочниот суд во Загреб и во затвор. Линдблом не сакала да го признае прекршокот, а по сведочењето на полициските службеници била осудена на 9 дена затвор кој веќе го издржала, како и плаќање на трошоците за постапката во износ од 300 куни.


Изабела се најде во центарот на вниманието откако го окупираше хрватскиот остров Јаз на кој живееше еден месец со кокошки и кучиња, и стана главна тема на мештаните и посетителите кои ги бркала од ова место и се однесувала како островот да е нејзин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг