Поранешната домино дама во уште едно безобразно издание: Фокс прошетала во комбинезон кој малку ѝ препуштал на фантазијата

Точка

24/06/2022

09:36

21.617

Големина на фонт

а а а

32-годишната Џулија Фокс малку ѝ препуштила на фантазијата кога се појавила во уште една повеќе од провокативна комбинација пред хотелот „Mercer“ на Менхетен.

Актерката која е родена во Италија, а пораснала на Менхетен, била фотографирана од страна на папараците во перверзно издание на улиците на Њујорк, а за овој изглед се погрижила стилистката Бријана Андалоре.


„Мислам дека сум само храбра, го правам тоа што ми се допаѓа и не ме интересира дали општеството мисли дека тоа е нормално или не. Ако мислам дека е кул, тогаш е кул“, неодамна изјави Фокс за „People“, во свој стил.

Џулија гордо прошетала низ Њујорк во сив топ со долги ракави кој едвај ги прикривал нејзините гради, а истиот го искомбинирала со панталони со необичен крој.


Панталоните имаат изрези под кои нема простор за долна облека, а се скроени на тој начин што оставаат впечаток како долната облека да е сошиена на нив, додека одзади речиси го откриваат задникот.





Спонзорирани линкови

Маркетинг