Карвахал: Гвардиола беше во право со изјавата за Реал

Дерби

23/06/2022

17:09

5.224

Големина на фонт

а а а

Дани Карвахал во интервјуто за „АС“ се обиде да објасни како го ставил Луис Диаз во „џеб“ во големото финале во Лигата на шампионите, но им одговори и на критичарите кои не престануваат да зборуваат за среќата која го прати „кралскиот клуб“ и покрај петте освоени титули во само девет сезони.

Реал освои пет од последните девет изданија на најелитното натпреварување во Европа и тоа доволно говори за каков тим станува збор, но Карвахал се повика и на една неодамнешна изјава на Пеп Гвардиола за да образложи што го прави Реал поразличен од останатите тимови на стариот континент.

– Кога еден тим победува, а останатите не го прават тоа, малце луѓе сфаќаат дека тој тим бил подобар од останатите во најважниот сегмент во фудбалот.

– На крајот од краиштата, во фудбалот не победува оној кој шутира повеќе, не победува ниту оној кој врши пресинг, ниту оној кој има повеќе пасови и ги пали фановите, победува оној кој дава повеќе голови и кој прима најмалку. Во тоа сме најдобри, но тоа не важи само за една сезона.

– Тоа што освоивме пет титули во ЛШ во последните девет сезони најдобро говори за нас, ако играш лошо и важи само да победуваш, сигурно нема да освоиш пет трофеи. Мора да имате нешто повеќе од тоа, а јас одвнатре можам да кажам дека имаме еден од најдобрите тимови во светот, имаме магија и имаме верба и сила која не мотивира да правиме неверојатни работи. Гвардиола беше во право, како што кажа неодамна „Реал губи со два разлика, но никој не се плаши да ја земе топката во нозе“. Тоа го нема во останатите тимови, – потенцира Карвахал за „АС“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг