Зидан никогаш нема да ја заборави пораката на салфетката испратена од Перез: Сè уште се прашувам зошто му одговорив така

Дерби

23/06/2022

16:31

3.015

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан опфати навистина голем број теми во ексклузивното роденденско интервју кое го направи за „Лекип“, но покрај тоа што говореше за тренерските успеси кои ги имаше во Реал Мадрид последните години, се отвори и за фудбалските предизвици и како професионален играч.

Зизу доста рано се повлече и ги закачи копачките на 34 години, а пет години претходно го направи трансферот на кариерата, и тоа во моменти кога важеше за најдобар светски фудбалер.

Французинот се пресели од Јувентус во Реал Мадрид како актуелен светски првак, но начинот на кој се договорил со Флорентино Перез и натаму му е во свежо сеќавање.

– Имав 29 години и ми недостасуваше само уште еден голем предизвик по етапата во Јувентус и Светското првенство. Потребен ми беше Реал Мадрид, потребен ми беше импулс за да продолжам напред, ми беше потребен нов предизвик. Тоа ми беше во глава, но истото мислење го имаше и Флорентино. Се сеќавам дека седевме на голема маса на гала вечер во Мнако и таму добив порака на хартиена салфекта „Сакаш ли да дојдеш“, беше напишано на шпански. Јас одговори на салфетката со „Yes“ (да), се уште се прашувам зошто му одговори на англиски.

– Кога се реализираше цела работа, Перез во Мадрид ми кажа дека слободна е само „5-та“ и немав никаков проблем. Тој број потоа ми даде многу, бев по пет години во Јуве и во Реал, тој број ми донесе неверојатни работи. Пет пати бев дел од успеси на Реал Мадрид во Лигата на шампионите и тој број стана специјален, – потенцира Зидан, кој се осврнал и на трите шампионски титули освоени едно по друго.

– Лигата на шампионите не се освојува на среќа, уште помалку ако го направите тоа три пати во низа. Работев како лудак, играчите веруваа во мене и јас верував во нив. Кога го направивме тоа, не бев воопшто изненаден. Ќе кажам дека најдобро финале е она против Јувентус, одигравме најкомплетен меч. Исто така и поради фактот што беше Јувентус, клуб со кој не успеав да ја освојам Лигата на шампиони, – додава Зизу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг