НБА шампионот на мета на критики: Мајкл Џордан одбил да се фотографира со деца и ја разбесни американската јавност

Точка

23/06/2022

16:26

9.291

Големина на фонт

а а а

Видеото од поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан кој одбива да се фотографира со деца стана вирално во САД, со милиони прегледи на Твитер и Инстаграм.

Две деца чекале да го видат Ламело Бол, една од ѕвездите на Шарлот Хорнетс, кога се појавил најдобриот кошаркар на сите времиња.

„Одиме да го видиме Ламело Бол... Тоа не е Ламело туку Мајкл Џордан“, се слушаат децата на видеото кои чекале пред паркингот.

Двете деца гласно започнале да го довикуваат Џордан да се фотографира со нив, но шесткратниот НБА шампион со Чикаго Булс и сопственик на Шарлот Хорнетс ги одбил.

„Не. Спушти го тоа с*ање“, им одговорил Џордан.

„Мајкл Џордан! Каде е Ламело?“, го прашало едно од децата додека Џордан им гестикулирал да се тргнат за да може да излезе со својот автомобил.

Јавноста и корисниците на социјалните мрежи жестоко реагирале на одбивањето на Џордан да се фотографира со децата, порачувајќи дека „Леброн Џејмс тоа никогаш не би го направил“ и „доколку Леброн го направеше ова, тоа би било национален инцидент“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг