Британскиот платеник заробен во Донбас се збогувал со својата мајка: Семејството се надева Британија ќе се избори за помилување

Точка

23/06/2022

16:03

3.437

Големина на фонт

а а а

Британскиот државјанин Ејден Аслин, кој во Доњецката Народната Република е осуден на смрт поради учеството во војната во составот на украинските вооружени сили како платеник, ја повикал својата мајка и се простил од неа.

Како што во четвртокот за „TASS“ рекол неговиот адвокат Павел Косован, семејството на Аслин се надева дека Велика Британија ќе апелира до ДНР за помилување.

„Има декадентно расположение, разочарување дека може да биде стрелан. Мојот клиент верува дека има мали шанси да преживее, што и кажа и на својата мајка во телефонски разговор“, рекол соговорникот на агенцијата. Семејството се надева дека неговата земја ќе се обрати до раководството на републиката, но од Велика Британија слушаме само неосновани изјави“, пренесува „TASS“.


Според зборовите на адвокатот, тој претходниот ден контактирал со мајката на обвинетиот и ѝ кажал дека сам ќе се жали на смртната казна. „Неговата мајка се пријави во британското Министерство за надворешни работи и чека одлука за помош на нејзиниот син“, рекол адвокатот. Засега, ни судот ни државните органи не се огласиле. Семејството се надева дека Британија ќе се вмеша во ситуацијата.

Судот на ДНР на 9-ти јуни ги осудил Ејден Аслин, Шон Пајнер и Садун Брахим на смрт под обвинение дека учествувале во непријателствата во составот во украинските вооружени формации како платеници. Биле заробени во Донбас. Според исказот, тие се вмешани во извршување на низа кривични дела.




Спонзорирани линкови

Маркетинг