(Видео) Ковачевски го отфрли францускиот предлог како неприфатлив: Сакам ЕУ да го почитува македонскиот народ

Точка

23/06/2022

15:34

4.312

Големина на фонт

а а а

Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски од Брисел изјави дека францускиот предлог е неприфатлив за Македонија и изрази незадоволство поради бавниот тек на евроинтеграцијата.

Премиерот Ковачевски изјави дека францускиот предлог за одблокирање на македонските интеграции е неприфатлив за нас во оваа форма, но остава простор ако се постигне разбирање за нашите позиции, разговорите да продолжат со цел пристапните преговори со ЕУ да почнат месецов.

„Предлогот во оваа форма е неприфатлив за мене, претседателот, владата, коалиционите партнери и за граѓаните на Република Северна Македонија. Доколку во текот на Француското претседателство се постигне разбирање за нашите позиции, ние сме подготвени да се вклучиме во разговори за истите за да се започнат преговори до крајот на јуни“, кажа Ковачевски на заедничката прес-конференција со Александар Вучиќ и Еди Рама по денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

Ковачевски додаде дека граѓаните можат да бидат мирни, бидејќи секогаш во прв план се стратешките интереси на државата, и дека никој нема да ни наметне решение.

Премиерот изјави дека Македонија има трите клучни барања за преговарачката рамка: признавање на целосно на македонскиот јазик, историските прашања не може да бидат дел од преговарачката рамка и преговорите треба да почнат пред внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот, но и да добиеме гаранции дека нема да има нови услови од Бугарија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг