(Фото/Видео) Тензично во Брисел: Ковачевски со прст му мавта на Петков

Точка

23/06/2022

14:16

13.339

Големина на фонт

а а а

Започна самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Главната камера на медиумскиот тим на ЕУ пред официјалниот почеток на состанокот ги „улови“ премиерите на Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков во близок меѓусебен разговор.

Камерата ги снимила Ковачевски и Петков како разговараат со подадени раце, но она што не можеше да помине незабележително, е високо подигнатиот показалец на Ковачевски, насочен кон Петков.

Рама, Ковачевски и Вучиќ вчера донесоа заедничка одлука да отпатуваат во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан и да го презентираат своето незадоволство од инертноста на Унијата во однос на почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија кои ги блокираше Бугарија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг