Пејачката Лара Иванова е уште еден пример за тоа како треба да изгледа една млада музичка ѕвезда. Нејзиниот стил ги воодушевува и оние со најистенчен вкус, кога е модата во прашање.
Нашиот (и ваш) денешен „моден гуру“ е токму 18-годишната пејачка. Во продолжение, Лара за публиката на Точка го опишува својот стил, преку дел од нејзините најпопуларни објави на Инстаграм, каде модата и изгледот се огледало на нејзината душа.
„Обожувам летни фустанчиња во светли бои и цветни дезени, а преферирам природни материјали, како на пример, лен, памук или свила. Обично ги комбинирам со сандали, балетанки или патики“.
„Ми се допаѓа урбаниот изглед и модерниот стил, односно “Street style” изгледот, а за овој изглед во кој се чувствувам удобно, искомбинирани се едноставни парчиња и бои. Во овој случај тоа е комбинација во која доминира маслинесто-зелената боја на “oversized” јакната и интересниот комбинезон во кој доминира црната боја“.
„Мојот секојдневен изглед го надополнувам со нежна, помалку нагласена шминка, најчесто во пастелни бои, светол кармин или само сјај за усни“.
„Најудобно се чувствувам во фармерки и патики во комбинација со маичка или кошулa, без разлика дали сум на училиште, на прошетка, на кафе преку ден или навечер“.
„Кога станува збор за некој посвечен настан, најчесто бирам елегантни вечерни фустани со смирени форми или класични панталони со висок струк“.
„Во топлите летни денови и летни патувања, носам фустанчиња, кратки панталони и маички во посветли бои, а оваа сезона омилена ми е портокаловата боја, застапена и во оваа комбинација од мојот последен видео запис за песната Ремек-дело“.
„Во зависност од расположението и ситуацијата, како и од имагинацијата, понекогаш сакам да испробувам различни фризури, па тоа најчесто изгледа вака - фризура која е лесно изводлива, a изгледа интересно“.
„Кога станува збор за вечерна шминка, нанесувам потранспарентна боја на кармин, руменилото е во складен тон со сенката за очи, кои секако се понагласени“.
„Можам да кажам дека во мојот плакар преовладуваат парчиња во црна боја, која ми е омилена боја за каква било комбинација или пригода, посебно во зимскиот период“.
„Сакам да носам накит, бидејќи тој го збогатува комплетниот изглед и совршено ја надополнува секоја комбинација на облека и целокупниот впечаток се чини уште повпечатлив“.
Автор: Цеце Николова