„Таква стока нема да влезе во Турција“! Чавушоглу: Ги истражуваме тврдењата дека Русија го украла украинското жито

Точка

23/06/2022

20:23

3.896

Големина на фонт

а а а

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјавил денеска дека Анкара ги истражува тврдењата дека украинското жито го украла Русија порачувајќи дека нема да дозволи било какво украдено жито да се внесе во Турција.

Украинскиот амбасадор во Анкара на почетокот на јуни рекол дека турските купувачи се меѓу оние кои примале жито кое Русија го украла од Украина, додавајќи дека побарал помош од Турција да ги идентификува и уапси лицата одговорни за таа наводна пратка.

Официјална Москва го демантирала тврдењето дека го крадела украинското жито.


„Секое тврдење го сфаќаме сериозно и го истражуваме. Известуваме секогаш, посебно украинската страна, за резултатите од истрагата“, рекол Чавушоглу на заедничката прес-конференција со британската министерка за надворешна работа Лиз Трас во Анкара, пренесува „Reuters“.

Украинското министерство за надворешни работени не се огласило веднаш по овој повод.


Чавушоглу навел дека Турција ќе се спротивстави на Русија или било која друга земја која би го земала украинското жито или друга стока и илегално ги продава на меѓународниот пазар.

„Турција нема да дозволи таквата стока да дојде до нас“, рекол тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг